1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште тројца преживеани на „Италијанскиот Титаник“

15 јануари 2012

Јужнокорејски брачен пар е спасен од внатрешноста на насуканиот брод „Коста Конкордија“, а со трето лице е воспоставено контакт. Капетанот на италијанскиот брод е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

https://p.dw.com/p/13juY
Истрага за несреќата на италијанскиот бродФотографија: Reuters

Доцна синоќа спасен е брачeн пар, додека во тек е извлекувањето на третото лице, со кое е воспоставено контакт.

Досега е потврдена смртта на три лица, а приближно 40 се водат како изчезнати.

Капетанот на луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“, кој во петокот вечерта се насука неколку стотини метри од брегот на западна Италија, Франческо Скетини е приведен од полицијата, а италијанското обвинителство почна истрага по обвинение за небрежност, причинување штети и убиство без умисла. Ако се докаже дека капетанот е виновен може да биде осуден на 10 години затвор.

Капетанот и првиот офицер Чиро Амброзио се обвинети за убиство, причинување штети и напуштање на бродот.

Kreuzfahrtschiff Costa Concordia
Фотографија: Reuters

Се испитуваат причините за несреќата

Се‘ уште се испитуваат причините за бродската несреќа, но се претпоставува дека најверојатно се работи за човечка грешка или за дефект во електронскиот систем, кој ги дава параметрите на курсот на бродот. Црните кутии од бродот се пронајдени и се предадени на судските органи.

Патниците го обвинуваат екипажот и персоналот на бродот, кој првенствено бил составен од Азијци, за непрофесионализам.

Трите лица, кои загинаа во несреќата на луксузниот италијански брод се идентификувани како двајца патници од Франција и еден член на екипажот од Перу, соопштија локалните власти.

Во болниците во местата Гросето и Орбетело се сместени 67 повредени, од кои 42 ќе останат под медицински надзор. Две лица се тешко повредени, од кои едниот е државјанин на Бангладеш и член на екипажот е пренесен во болница во Сијена поради повреда на кичмата, а другата е девојка која ја лекуваат во Гросета поради тешки повреди на главата.

Kreuzfahrtschiff Costa Concordia Überlebende
Патниците сведочат за трауматични сцениФотографија: Reuters

Патници од повеќе нации од светот

Во моментот на несреќата на луксузниот туристички брод, како што соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, имало вкупно 3.216 патници и 1.118 членови на екипажот, од кои повеќето се евакуирани со чамци за спасување, хеликоптери и други бродови, кои се нашле во близина на несреќата. 

Италијанските власти објавија список на нацоиналноста на патниците. На бродот имало 989 Италијанци, 569 Германци, 462 Французи, 129 Американци, 177 Шпанци, 127 Хрвати, 108 Руси, 91 патник од различни земји од Јужна Америка, 74 Австријци, 69 Швајцарци, 46 Јапонци, 42 Холанѓани, 33 Украинци, 30 Јужнокорејци, 13 Тајванци, 12 Канаѓани, 11 Португалци, девет Турци, осум Бугари и некои помали групи на туристи од различни држави.

Италијанските медиуми најпрво јавија дека во несреќата загинале осум лица, а потоа Џузепе Линарди, градоначалник на Гросето, главниот град на истоимената провинција изјави дека е потврдена смртта на три лица. 

Schiffsunglück Kreuzfahrtschiff Costa Concordia
Помош на спасените патнициФотографија: picture-alliance/dpa

Сцени како од „Титаник“

Несреќата се случила додека патниците вечерале. Пред почетокот на евакуацијата имало прекин на дотокот на струја, што го отежнало спасувањето на патниците, кое траело до 2:30 часот изутрината. Луксузниот брод крстарел по Средоземното Море, а за патниците било предвидено застанување во пристанишните градови на Шпанија, Франција и Италија.

Италијанските медиуми објавуваат фотографии од несреќата и изјави на патниците, од кои повеќето инцидентот го споредуваат со трагедијата на „Титаник“. Несреќата се случи во годината кога се одбележува сто годишнината од потонувањето на „Титаник“. Повеќе италијански весници објавуваат репортажи во кои несреќата ја нарекуваат „Италијанскиот Титаник“. 

Автор: ЖА/ миа/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска