1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште една шанса пред да биде предоцна

Клаудија Деег 27 септември 2007

Ситуацијата во Мијанмар и натаму се заострува. Загриженост покажува и демократски избраната влада на земјата, која поради хунтата во Мијанмар во моментов е во егзил.

https://p.dw.com/p/BkJA
Монасите протестираатФотографија: AP

Сеин Вин е низок, воздржан човек. Зборува полека и внимателно ги бира зборовите. Тој е и братучед на водачот на опозицијата во Мјинамар Аунг Сан Су Ки „Многу сме погодени. Дознавме дека таа е во затвор. Она што најмногу не загрижува е нејзината здравствена состојба. Никој од луѓето што ги познаваме, во последно време не смееше да оди кај неа. Војската нема право да ја држи во домашен притвор, но да е однат и во зтвор тоа е премногу за нас.“

Сеин Вин е шефот на владата во егзил. Неговата партија - Национална лига за демократија во 1990 година победи на изборите во Мијанмар, но војската не ја призна победата. Многу од политичарите избегаа во егзил. Сеин Вин сега живее во САД. Тој постојано патува и се обидува да го сврти вниманието на светот кон Мијанмар.

„Промената ќе дојде од внатре. Кога тоа ќе се случи ќе се вратиме и ќе соработуваме со Аунг Сан Су Ки и со другите демократски сили како студнетите. “

Но дотаму патот е долг, стравува Саин Вин. Воената влада во Мијанмар неможе да се турне одеднаш. Протестите се почеток, првиот чекор. Каде ова води? Сеин Вин се насмевнува „Ситуцијата може да ескалира, дел по дел. Уште сега имаме мртви и повредени, многумина се уапсени. Ако ситуацијата продолжи да се развива во овој правец, ќе има крвопрлевање, многу апсења и измачувања.“

Мора да се зголеми меѓународниот притисок врз Мијанмар вели опозициониот политичар. Тој го истакнува значењето во Кина. Земјата игра клучна улога. Сеин Вин во Париз се сртна и со францускиот претседател Никола Саркози кој од своја страна повика да се бојкотираат инвестиции во земјата „Франција апелира до сите претпријатија да се воздржуваат и да се откажат ов нови инвествции во Мијанмар.“

На средбата во Елисејската палата присуствуваше и француската актерка Жан Биркин. Таа веќе ја сретна Аунг Сан Су Ки и е воовушевена од неа „После тоа си реков: Ако ние не сториме ништо за неа, тогаш ќе ја убијат, и ќе ја гледаме на портрети на маици. Сеуште имаме шанса да сториме нешто за неа пред да биде доцна.“