1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешна донаторска конференција

Markert, Stefanie18 декември 2007

Мирот на Блискиот исток доби нова шанса со ветената финансиска помош на меѓународната заедница за палестинските автономни подрачја.

https://p.dw.com/p/Cd3r
Палестинскиот претседател Абас, со францускиот Саркози и американската министерка за надворешни Рајс на Конференцијата во ПаризФотографија: AP

Ова е историска шанса, што не смееме да ја пропуштиме, порача уште во свечениот говор на отворањето на донаторската конфренеција домаќинот Николас Сакрози:„Мировниот процес добива нова динамика. Тој не смее и не може да пропадне. Ние, меѓународната заедница мораме да го поддржиме со сите сили. Конференцијата во Анаполис започна процес што ќе трае една година, во која се очекуваат решавачки преговори. Оваа конференција во Париз е нужно надополнување на првата во Анаполис. Од неа зависи мирот, што добро ќе им дојде на сите делови на светот!„ порача францускиот претседател.


Претедателот на Палестинците Махумд Абас му се заблагодари на домаќинот на донаторската конференција и побара помош од меѓународната заедница. Во спротивно на палестинските автономни подрачја им се заканува вистинска катастрофа. Израел според Абас мора да се откаже од сите колонизаторски активности, од градењето нелегални населби на палестинските автономни подрачја, како и од градењето на заштитниот ѕид. 2008-ма мора да биде година на мирот, заклучи Абас поздравен од аплауз на претсетавниците на 70 држави и 20 меѓународни организации како ОН, Светската банка и ММФ.

Прво подобрување на безбедносната ситуација

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни во Париз ја поддржа желбата на Палестинците за сопствена држава. Но, пред Израел да ги спроведе неопходните чекори во таа насока, прво мора да се подобрат економската и безбедносната состојба на палестинските автономни подрачја. За таа цел меѓуародните донатори ветија дека до 2010-та ќе издвојат 7,4 милијарди долари.
Frankreich Palästinenser Geberkonferenz in Paris Gruppenbild
Фотографија: AP


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изјави дека е среќен што на конференцијата се разговара за идна држава на Палестинците. Истовремено предупреди:„Ако треба да успее она што не успеало во претходните 20 до 30 години, тогаш се неопходни два предуслова. Прво, не смеат да се уриваат напорите за создавање доверба. Тоа значи Палестинците да ги исполнат безбедносните гаранции, толку колку што се во состојба, а Израелците да го сопрат натамошното градење наслеби. И второ, еднакво толку важно, тоа е луѓето во Палестина да видат дека мирот се исплати. Значи мора да се стори се‘ за тие да се оправат во економски смисол. При тоа меѓународната заедница не може да стои по страна.„

Пари за конкретни нешта

Министерката за развојна помош, Хајдемари Вичорек Цојл ја конкретизира ветената помош од германска страна во висина од 300 милиони долари:„Во иднина ќе ставиме на располагање средства за сосема конкретни проекти, за градење училишта, за програми за поголема вработеност, како и за обновата на водоснабдувањето.„
Ветената помош треба да дојде и до граѓаните во Појасот Газа, иако таму власта ја презеде радикалното исламско движење Хамаз, кое не е дел од мировниот процес и не беше покането ни на донаторската конференција.