1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успех на десноекстремните партии на изборите во Саксонија и Бранденбург

20 септември 2004

Најважниот резултат на одржаните покраински избори во Саксонија и во Бранденбург е сигурно успехот на десноекстремните партии и на Партијата за демократски социјализам. Двете најголеми партии во Германија,СПД и ЦДУ и во двете покраини доживеаја своевидна казна од избирачите,иако остануваат веројатно на власт.

https://p.dw.com/p/AcL5
Холцер Апфел,главниот кандидат на НДП на изборите во Саксонија
Холцер Апфел,главниот кандидат на НДП на изборите во СаксонијаФотографија: dpa

Во Бранденбург Социјалдемократите успеаја благодарение на популарноста на премиерот Матијас Плацек.СПД изгуби гласови,седум проценти,но сепак не толку колку што стравуваше.Таа во Бранденбург со 31,9 проценти е најсилната партија.Соодветна на тоа е и радоста и олеснувањето на Плацек:

-Ние бевме сплотени,рамо до рамо.Во вакво тешко време мислам дека го покажавме своето лице.Ние бевме надвор,луѓето имаат право во вакви тешки времиња политиката да не се крие меѓу актите,туку да излезе надвор.То аго посакувам и во иднина,тоа треба да биде стил и следните години,зашто времињата остануваат тешки.

Големо славје и кај ПДС.Иако нивната цел да станат најсилна политичка партија не е постигната,тие се втори по сила,ја истиснаа ЦДУ на трето место.Главниот кандидат Дагмар Енкелман,со тоа гледа крај на коалицијата СПД ЦДУ:

-Во секој случај треба да има нова политика,тоа беше мое залагање-во изборната борба и на тоа останувам.Ќе видиме дали СПД суштински е подготвена за нова политика и дали сметката која ја доби ја разбра или не.

Ваков пресврт ЦДУ не сака.Таа се залага за продолжување на големата заедничка коалиција, иако како и СПД загуби многу гласови.

Кон победниците во овие избори спаѓа и десноекстремната Германска народна партија.Таа со шест проценти повторно влегува во покраинскиот парламент.Нивниот договор со НПД,кои во Бранденбург се откажаа во корист на ДВУ,се исплатеше.Напротив,Зелените и Либералите останаа со кратки ракави,и натаму ќе бидат надвор од Парламентот.

Поинаку е во Саксонија.

Либералите влегуваат во Парламентот,како и десноекстремните НДП со освоените над девет проценти.

ЦДУ го загуби во оваа покраина апсолутното мнозинство.Од поранешните 57 насто гласови слезе на 41 проценти.Саксонскиот генерален секретар на ЦДУ,Винклер:

-Не можеме да бидеме задоволни со резултатите.Сакавме повеќе и сметавме на повеќе.Не успеавме да ги наметнеме локалните,покраинските теми,мнозинството од народот сакаше да дискутира на сојузни теми,станавме жртва на она што се случува на сојузно ниво.

Втора по сила партија останува ПДС со повеќе од 23 проценти.Со тоа е повторен успехот од минатите избори и покрај "штази" префрлувањата против главниот кандидат Петер Порш.:

-По оваа изборна борба навистина голем успех.Останавме втори.Главната цел,да се урне апсолутноот мнозинство на ЦДУ,се чини исполнета.Во целост можам да бидат задоволен.

СПД е дури а трето место.Не освои ни полни десет проценти,што се досега најслабите резултати на партијата на едни покраински избори.

Најголем победник на изборите е десноекстремната НПД,со освоени 9,2 насто гласови.Со тоа таа првпат по 1968 година влегува во еден германски парламент.

Одзивот на бирачите во Саксонија со 60 проценти беше нешто подобар од оној во Бранденбург со 56 насто.