Ураган – Карибик
3 септември 2007Реклама
Ураганот „Феликс„ што им се заканува на земјите од Средна Америка за многу кратко време го достигна највисокиот, петти степен на опасност. Невремето проследено со силни дождови и ветришта со брзина од преку 270 км на час се ближи кон бреговите на Јамајка. Како загрозено се смета и населението на Хондурас, каде веќе почна евакуацијата на потенцијално загрозените подрачја. Сличен ураган пред девет години предизвика големо лизгање на земјиштето, во кое животите го загубија неколку стотици луѓе.