Ураганот „Феликс„
4 септември 2007Реклама
Десетици илјади лица во регионот на Средна Америка се евакуирани пред доаѓањето на ураганот Феликс. Најмногу се погодени Хондурас и Никарагва, но и Гватемала и Ел Салвадор исто така прогласија вонредна состојба. Ураганот што во меѓувреме ослаби и се проценува како четврта, а не највисоката петта категорија, носи поројни врнежи и ветришта со брзина од 220 км на час.