1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот Дин губи сила

22 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWiV

Ураганот Дин, на патот преку месиканскиот полуостров Јукатан, загуби во неговата сила. Отако падна во категоријата еден, ураганот сега е на пат кон Запад, кон нафтените платформи во Мексиканскиот залив кои се веќе евакуирани. Се очекува ураганот повторно да добие во сила од топлите води. Во секој случај, ураганот во Мексико предизвика помалку штети отколку се страхуваше. „Дин„ влијаеше и врз северно-американскиот самит во Монтебело. Програмата беше сменета за мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон да може порано да се врати. Американскиот претседател Џорџ Буш соопшти готовност за помош на Мексико.