1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Упад на хакери во базата на податоци на Стратфор

26 декември 2011

Хакери од движењето „Анонимус“ објавија дека украле голем број мејлови и податоци од кредитни картички од базата на податоци на Стратфор.

https://p.dw.com/p/13ZGl
Логото на групата „Анонимус“

Податоците од кредитните картички ќе бидат искористени за кражба на милион долари, кои потоа ќе бидат подарени како божиќни донации, соопшти наводен хакер. Припадниците на „Анонимус“ на социјалната мрежа Твитер поставија линк кон строго чуваната листа на клиенти на приватната невладина компанија за собирање и анализа на глобални информации, Стратфор, со седиште во Остин. На листата се наоѓаат, меѓу другите, и армијата на САД, полицијата на Мајами и воздухопловните сили на САД. Хакерската група соопшти дека успеала да дојде до податоците од кредитните картички и поради тоа што Стратфор не се мачел многу за да ги кодира. Стратфор, од друга страна, во имејл до своите членови вели дека ги запрел сите свои сервери и имејл, откако открил дека хакери ја нападнале неговата страница.

Стратфор нуди политички, економски и воени анализи кои на клиентите им помагаат да ги сведат ризиците на минимум, стои на страницата на фирмата на Јутјуб. Клиентите за ваквата анализа плаќаат онлајн, а таа потоа им се доставува преку видео или имејл. „Амнонимус“ најави дека нападот врз Стратфор е само прв од повеќето планирани напади на хакерската група за време на Божик.

Автор: ЕМФ/дапд/бета

Редактор: Жана Ацеска