1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унијата не е готова

30 мај 2005

Коментар на Бернд Ригерт

https://p.dw.com/p/AcF8
„Дебелото„ француско „НЕ„ за европскиот устав
„Дебелото„ француско „НЕ„ за европскиот уставФотографија: AP

Се случи парадокс: токму Французите, порано најсилните борци за европска соработка и интеграција, со своето „НЕ„ ја вовлекоа Унијата во тешка криза. Но, дури и ако договорот за уставот по француското одбивање веќе не може да се спаси, Европската унија во никој случај не е „готова„. Таа ќе влезе во творечка пауза и ќе го намали темпото на продлабочување и проширување, што можеби и не е најлошиот резултат од францускиот референдум.

Француското „НЕ„ беше очекувано. Со недели е јасно дека договорот за европскиот устав во Франција не може да добие мнозинство. Водечките политичари во Европа ги ставаа главите во песок. Нема план „Б„, значи нема алтернатива ако се случи одбивање. Сегашниот претседавач на европскиот совет, премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер и претседателот на Европската комисија Жозе Барозо синоќа во Брисел за неуспехот понудија само едно објаснување: девизата гласи – продолжуваме!

Но, каде натаму? Ратификацијата треба да продолжи до есента 2006. Дури тогаш шефовите на држави или влади же повлечат биланс. А, потоа?

Дури и ако сите ЕУ-држави освен Франција се согласат со уставот, што е неверојатно, би било неупатно фарнцуските избирачи уште еднаш да гласаат за непроменет текст на уставот, според мотото: ќе гласаме се додека резултатот не биде добар. Подеднаквио е неможно да се промени текстот на договорот, зашто е врзан како пакет. Сите држави ќе пријават посебни желби. Последица би било бесконечно преговарање. Овој текст на уставот е мртов. Што сега Европо? Криза, катастрофа, хаос. Сето ова го нагласуваа оние што го претпочитаа уставот за случај на одбивање. Меѓутоа, треба да се сомнева дека вистина ќе дојде до катастрофа. Конечно, ЕУ со договорот од Ница има важечки рамковни услови со јасни правила. Во наводната криза би можела да се наоѓа и шанса, претпоставува германскиот евро-комесар Гинтер Ферхојген, зашто актерите во ЕУ сега ќе мораат да докажат дека Европа може да поднесе и удари, а сепак да оди напред. Унијата ќе продолжи да работи и нема да се распадне, а Франција нема да ја напушти.

Најнапред е потребна пауза за размислување околу брзината на интеграцијата и проширувањето. Оваа пауза ќе потрае повеќе години. Дури потоа пакетот устав, значи демократизација на процесите на решавање, ќе може повоторно да се спакува. Можно е одредени групи држави некои од политичките подрачја надвор од ЕУ договорите, натаму да ги продлабочат. Некои институции, како заеднички министер за надворешни работи, би можеле да бидат воведени и без уставот. Меѓутоа, не би смеело да има премногу елементи од мртвото дело, зашто тоа би значело да се злоупотреби волјата на француските гласачи.

Во секој случај, тема ќе биде членството на Турција. Под прашалник е дали преговорите вистина ќе започнат на 3 октомври и дали цел вистина ќе биде полноправно членство. Од референдумот заслабениот француски претседател и тешко оштетениот германски канцелар досега беа најсилните поддржувачи за членство на Турција. Жак Ширак од неделата е обврзан на поголема скепса, зашто мнозинството Французи го одбија досегашниот курс. Герхард Шредер веќе наесен би можел да биде сменет од конзервативно-либерална влада која би можела активно да настапи против натамошно примање нови членки.

За разлика од Турција, со Бугарија и Романија се потпишани договори за прием, но и нив треба да ги ратификуаат уште неколку држави. Тешко е да се процени дали француското „НЕ„ ќе влиаје и врз тоа.

Европа со овој тежок удар не е готова, но Европската унија ќе се промени. Ќе мора повеќе да се соочи со социјалните предизвици. Ќе мора да се постави кон погрешно проценетите економски стрмнини меѓу запад и исток. Побавно ќе се продлабочува и ќе се проширува. На крајот, тоа воопшто не мора да биде лошо.

Бернд Ригерт