1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ загрижен поради инфекциите со сида кај младите

АТ/ дпа/ ап29 ноември 2013

Веќе 30 години ОН се борат против сидата. Има успеси, но и загрижувачи развој, пред сѐ кај младите во посиромашните земји.

https://p.dw.com/p/1AQmS
Фотографија: UAFC/Beatrijs Janssen

УНИЦЕФ го вклучи алармот: Во посиромашните земји сѐ повеќе млади умираат од сида, се жали организацијата за заштита на децата на ОН. Во изминатите седум години смртноста во старосната граница од 10 до 19 години драматично се зголемила. Ова произлегува од последниот извештај на хуманитарната организација, кој беше претставен денеска (29.11).

110.000 млади во изминатите години починаа од сида. 2005 во погодените земји бројката изнесуваше 71.000. Тоа е пораст од речиси 55 проценти. Околу 2,1 милиони млади во 2012 година живееле со болеста. 90 проценти од децата, кои се инфицирале со ХИ вирусот доаѓаат, според податоците од 22 земји. Од нив речиси сите, со исклучок на една се во Африка, јужно од Сахара.

Според податоците на соработниците на ОН проблемот може да се намали со повеќе пари. Со програмски пакет во вредност од 5,5 милијарди долари (речиси четири милијарди евра) до 2020 година би можело да се спречи заразување на два милиони млади. Во 2010 година буџетот изнесуваше околу 3,8 милијарди долари.

УНИЦЕФ јавува дека големи успеси се постигнати кај децата. Пренесувањето на болеста од мајките на децата е значително намалено. Минатата година имено 260.000 деца беа инфицирани со ХИ-вирусот, седум години претходно оваа бројка меѓутоа изнесуваше 540.000, повеќе од двојно. Причината за тоа е новиот доживотен третман на инфицирани мајки со антиретровирални лекарства.

Без ваквиот третман една третина од инфицираните деца би починале уште пред првиот роденден, додека половината не би го доживеале нивниот втор роденден. „Децата мора да бидат првите кои ќе профитираат од нашите успеси во борбата против ХИВ. И тие мора да бидат последните кои мораат да страдаат поради нашите пропусти“, рече директорот на УНИЦЕФ Антони Лејк.

Според УНИЦЕФ бројот на заболени деца во најпогодените делови на Африка е значително намален, за 76 проценти во Гана, 58 проценти во Намибија, 55 проценти во Зимбабве, 52 процент во Малави и Боцвана и 50 проценти во Замбија и Етиопија. Меѓутоа само една третина од децата во сиромашните земји го добиваат неопходниот третман.

Во целиот свет, според организацијата, бројот на жртвите од сида меѓу 2005 и 2012 се намали за 30 проценти.