1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Универзитетот Георг Аугуст

13 септември 2010

Во Гетинген може да се студира речиси се’. Повеќето од институтите на Универзитетот се сместени во два модерни кампуси на периферијата од градот.

https://p.dw.com/p/P3OW
Фотографија: Göttingen Tourismus e.V.

Универзитетот „Георг Аугуст“ во Гетинген своите врати ги отвори за студентите во 1737 година. Тој е најголемиот и најстариот постоечки универзитет во покраината Долна Саксонија. На факултетот се запишани околу 24000 студенти. Од 2007 година концептот за иднината на универзитетот се кова во рамките на иницијативата за елитни германски универзитети. Важен дел од тој концепт е вмрежувањето на универзитетот со другите истражувачки институции во градот. Меѓу нив спаѓаат: Академијата на науки во Гетинген, петте институти „Макс Планк“, Германскиот центар за воздухопловство и вселенски летови и Германскиот центар за примати.

Тринаесет факултети со 80 наставни предмети

Она што при основањето на универзитетот во Гетинген беше невообичаено, денес е стандард: „Размислувај и истражувај самостојно!“ На тринаесетте факултети може да се студира се’ освен инженерски струки. Од широкиот спектар на предмети на кој Универзитетот е особено горд, главен акцент е ставен на науки како: хемија, физика, биодиверзитет и математика, но и германистика, археологија, ориентални студии и теологија.

Книги, книги, книги

Göttingen Doktorkuss Göttinger Gänseliesel
Бакнеж за среќа на универзитетскиот кампусФотографија: Göttingen Tourismus e.V.

Големо богатство на Универзитетот во Гетинген се фондот на книги. Во старата библиотека се наоѓа важна збирка на германска научна литература од 18 и 19 век. Книгите им се достапни на сите студенти и можат да ги користат единствено во просториите на библиотеката. Старата библиотека сместена во центарот на градот го отсликува сиот сјај на почетните години на Универзитетот. Новата државна и универзитетска библиотека на студентскиот кампус, пак, го отсликува модерното лице на универзитетот.

Носители на Нобеловата награда од Гетинген

Четириесет и четири нобеловци се поврзани со Гетинген. Меѓу нив, на пример, Вернер Хајзенберг (1901-1976), кој во 1932 година ја доби Нобеловата награда за физика за неговите истражувања на полето на квантната механика. Берт Сакман (роден во 1942 година), пак, во 1991 година ја понесе Нобеловата награда за медицина.

Реномиран и во странство

Универзитетот „Георг Аугуст“ е реномиран и во странство. Во Гетинген студираат 2.500 странски студенти. Тие претежно се запишуваат на економски студии, медицина или студираат некоја од филозофските науки.

Автор: Ана Грабовски / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска