1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Улични борби во Техеран

28 декември 2009

Протестите против реизборот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад добија нова димензија - во синоќешните судири на демонстрантите и полицијата во Техеран загинаа 15 лица, а приведени се најмалку 300 лица.

https://p.dw.com/p/LEmO
Иранската државна телевизија јави дека во судирите има осуммина загинатиФотографија: AP

Со повиците „смрт за диктаторот“ на улиците на иранскиот главен град излегоа повеќе илјади припадници на опозицијата. Немири имаше и во неколку други ирански градови-Исфахан, Ширас и Наџафабад.

Иранската телевизија на својот интернет сајт претходно кратко објави дека во судирите „загинале и се ранети повеќе луѓе“ на двете страни. Според наводите на поголемиот број интернет сајтови на опозицијата, во судирите загинале десетина луѓе, меѓу кои и внукот на лидерот на опозицијата, Мир Хосеин Мусави.

Flash-Galerie Proteste in Teheran 27.12.2009
Фотографија: AP

Забрана за известување од Иран

Ова се најжестоките безредија од големите јунски демонстрации во Техеран и во повеќе ирански градови, кои следеа по претседателксите избори и победата на Махмуд Ахмадинеџад, која опозицијата не је признава. Во центарот на Техеран вчера и во текот на денот имаше судири меѓу опозицијата и полицијата. Иранските власти предупредија дека жестоко ќе се пресметаат со опозиционерите ако тие се обидат да ги искористат собирите по повод големиот верски празник Ашура за свои акции. Демонстрантите стигнаа во мали групи и успеаја и покрај големиот број сили за безбедност, да се соберат долж авенијата Енгелаб, каде претходниот ден веќе имаа судири со владините сили. Авенијата беше целосно опколена од полициски сили и надлетувана од хеликоптери.

На странските новинари им е забрането да известуваат за настаните во Иран. САД со остри зборови го осудија најновото насилство во Иран.

Автор: ЖА/БГ/апд/бета

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска