1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинците минаа уште една ноќ на улиците на Киев

БГ/миа10 декември 2013

Илјадници приврзеници на опозицијата и опоненти на политиката на претседателот Јанукович минаа уште една ноќ на улиците на Киев, блокирајќи го пристапот до владините институции.

https://p.dw.com/p/1AVtA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Илјадници украински демонстранти останаа изминатата ноќ во кампот со шатори во Киев, и покрај истекувањето на крајниот рок за напуштање на улиците.

Полициски единици за борба против нередите ги зазедоа позициите во престолнината на Украина, каде втора седмица по ред продолжуваат протестите против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да се откаже од трговскиот договор со ЕУ.

Демонстрантите стравуваат дека пристигнувањето на полициските единици за борба против нереди навестува задушување на протестите.

„Очекуваме полицијата да изврши разбивање на мирните демонстранти“, изјави опозицискиот лидер Виталиј Кличко.

„Ако при растурањето на протестите се пролее крв, таа крв ќе биде врз рацете на човекот, што дал наредба... Јанукович“, рече тој. Напнатоста се зголеми и откако двоен кордон од полицајци со заштитни шлемови и штитови беше распореден на улицата до зградата на општината, окупирана од демонстрантите и претворена во импровизиран команден пункт. Во текот на ноќта електричната енергија на зградата беше запрена и демонстрантите започнаа да си одат, очекувајќи дека полицијата може да упадне во местото. Подоцна осветлувањето проработи и некои од демонстрантите се вратија. Се очекува Јанукович денеска да се сретне со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и со тројца поранешни украински претседатели, кои планираат преговори.