Украински војник отворил оган во фабрика и убил свои другари
27 јануари 2022Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во Киев денеска, инцидентот се случил во централноукраинскиот град Днепр, во фабрика за производство на авионска и вселенска техника и оружје. Војник на украинската национална гарда отворил оган со огнено оружје – Калашников и убил најмалку пет свои другари, додека уште пет лица се ранети. Војникот прво успеал да избега, но по неколку часови е фатен, откако итно била формирана екипа за потрага по избеганиот стрелецот, соопшти украинското МВР.
Меѓу загинатите една е жена, а четворица се мажи. Лекарите пак се борат за животот на ранетите, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиј на Фејсбук.
„Мотивите уште не ни се познати, се врши проверка дали војникот се наоѓал под психички притисок“, соопшти официјално Министерството за внатрешни работи, според кое националниот гардист бил роден во 2001 година, а оружјето го добил кратко пред почетокот на својата смена. Во фабриката во Днепр меѓу другото се произведуваат носечки ракети, но и возила.
Инцидентот се случува среде растечките тензии во конфликтот со Русија.
*Текстот е актуелизиран