1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина среде нова ескалација на политичката криза

25 мај 2007

Претседателот на државата Виктор Јушченко со декрет ја презеде контролата врз полицијата.

https://p.dw.com/p/AnyI
И понатаму огорчени противници: премиерот Виктор Јанукович и претседателот Виктор Јушченко
И понатаму огорчени противници: премиерот Виктор Јанукович и претседателот Виктор ЈушченкоФотографија: AP

Актуелниот министер за внатрешни Васили Цушко претходно нареди специјалци да влезат во зданието на Државното обвинителство во Киев и да го спречат отпуштањето на јавниот обвинител Свјатослав Пискун, што го нареди претседателот на државата. Естер Хартбрих испрати извештај од украинскиот главен град со најновиот заплет во борбата за моќ меѓу претседателот на државата и премиерот.

Зданието на Државното обвинителство од рано изутрина е запоседнато од вооружени припадници на специјалните сили “Кралски орел“ и “Титан“. Тие се под команда на Министерството за внатрешни работи, а повод за интервенцијата е заштитата на обвинителот Свјатослав Пискун, близок соработник на премиерот Виктор Јанукович. Неговото отпуштање од страна на претседателот на државата Виктор Јушченко министерот за внатрешни работи го оцени како против уставен чекор. А Јушченко од своја страна го осуди ангажманот на специјалците во целиот случај:

“Тоа што министерот за внатрешни работи Цушко денеска го стори, тоа е злостор. Оние кои ја спровеле неговата наредба извршиле злостор. Предупредувам: ова мора да биде последен случај на примена на сила во политичкиот конфликт.“

Со специјалците во зданието на Обвинителството се забарикадирани и бројни пратеници на про-руски ориентираната партија на премиерот Јануковиќ. Пред зданието дополнително демонстрираат неколку илјади приврзаници на премиерот, во текот на денот треба да ги има дури и 50.000. Сите тие стравуваат од евентуална интервенција на специјалните сили на тајните служби на Украина, кои се под команда на претесдателот на државата.

Конфликтот ексалираше откако претседателот Јушченко го отпушти јавниот обвинител Пискун, наводно затоа што уште не го вратил пратеничкиот мандат. Вистинската причина за потегот на Јушченко меѓутоа веројатно бил фактот што обвинителот не се согласил со отпуштањето на тројца уставни судии – исто по декрет на претседателот на државата.

Премиерот Јанукович, кој се наоѓаше во руското летувалиште на Крим под итно се врати во Киев, по што изјави:

“Владата нема да дозволи анархија и граѓанска војна во Украина. Нашата земја ќе живее во стабилност и благосостојба. Имаме доволно сила и надлежности за да му обезбедиме на народот живеење во мир и добробит.“

Обете страни во повеќемесечниот политички конфликт најавија нови напори за надминување на спорните прашања, како и за изнаоѓање термин за предвремени избори. Опасноста од државен удар за сега е отстранета, смета Тарас Чорновил, пратеник на про-руската партија на премиерот Јанукович:

“Верувам дека тоа што не се случи во ноќта, дека тоа прво ни дава шанса за поинакво решавање на кризата. Сега почнуваат преговори и разговори. Такви нешта се случуваат или ноќе или пак воопшто не се случуваат!“