1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уверлив старт на Баварците

СН/АТ/сид/миа/ртр/фена10 август 2013

51. сезона во германската Бундеслига започна со возбудливиот натпревар во Минхен во кој освојувачот на тројната титула Бајерн под водство на новиот тренер Пеп Гвардиола ја совлада Борусија од Менхенгладбах.

https://p.dw.com/p/19NMx
Фотографија: Christof Stache/AFP/Getty Images

На отварањето на новата сезона во германската фудбалска Бундеслига, Бајерн на домашен терен на Алијанц арената во Минхен ја започна одбраната на титулата првак на Германија со победа од 3:1 против Борусија од Менхенгадбах.

Баварците во 12. минута во водство ги поведе холандскиот крилен напаѓач Арјен Робен, а 4 минути подоцна Хрватот Марио Манџукиќ зголеми на 2:0. На 2:1 водството го намали Бразилецот Данте со автогол 5 минути пред полувремето, а конечните 3:1 ги постави австрискиот репрезентативец Давид Алаба од пенал во 69. минута. Една минута претходно германскиот репрезентативец Томас Милер не искористи пенал за актуелниот германски и европски клупски шампион.

Денеска на програмата се натпреварите: Аугсбург - Борусија Дортмунд, Хановер - Волфсбург, Херта Берлин- Ајнтрахт Франкфурт, Хофенхајм - Нирнберг, Бајер Леверкузен - Фрајбург и Ајнтрахт Брауншвајг - Вердер Бремен. Првото коло од 51. сезона во Бундеслигата ќе се комплетира утре со средбите Мајнц - Штутгарт и Шалке - Хамбургер.

Bayern München - Borussia Moenchengladbach
Пеп Гвардиола со победа ја стартуваше кариерата во БундеслигатаФотографија: Getty Images

Почна и сезоната во Лига 1

Монпеље и Парис Сен Жермен ги поделија бодовите откога во првата средба во новата сезона на француското фудбалско првенство одиграа нерешено 1:1.
Реми Кабела го доведе Монпеље во водство со голот во 32. минута, а бодот за бранителите на титулата го постигна Максвел со голот во 60. минута
Монпеље натпреварот го заврши со 10 играчи, откога во 72. минута Абделахамид Ел Каутари доби втор жолт картон, но и покрај тоа до крајот на средбата гостите не успеаа да ја искористат предноста од играч повеќе на теренот и да дојдат до победа. На другите натпревари од првото коло денеска играат: Бордо - Монако, Евиан - Сошо, Лил - Лориен, Олимпик Лион - Ница, Нант - Бастија, Рен - Ремс и Валенсиен - Тулуз. Утре стартното коло од Лига 1 ќе го комплетираат: Ајачио - Сент Етиен и Генгамп - Олимпик Марсеј