1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиствен напад со нож среде Лондон

ЖА/дпа4 август 2016

19-годишно момче во Лондон со нож нападна минувачи, една жена почина, а петмина се повредени. Мотивот не е познат, постојат укажувања за психичка болест, иако полицијата не исклучува ни терористичка заднина.

https://p.dw.com/p/1JbPo
Фотографија: Reuters/N. Hall

Реагирајќи на нападот со нож со еден мртов и петмина ранети, градоначалникот на Лондин Садик Кан апелираше на зачувување на смиреноста и на будност. 19-годишно момче синоќа на Расел Сквер во близина на Британскиот Музеј со нож нападна повеќемина луѓе, убивајќи една жена. Две други жени и тројца мажи се повредени. Полицијата успеа да го совлада напаѓачот и да го уапси. Според полицијата, постојат укажувања за психичко заболување кај младото момче, но не се исклучуваат ни терористички мотиви.

„Ги повикувам Лондончани да останат смирени и претпазливи. За секоја сомнителна работа известувајте ја полицијата“, изјави градоначалникот Кан на прес конференција.

Полицијата доцна ноќеска добила повик дека еден човек мавта околу себе со нож на Расел Сквер, по што вооружени полицајци со употреба на електричен пендрек успеле да го совладаат. Истрагата се одвива во сите правци, истакнуваат од полицијата.

Превентивно, во Лондон се засилени безбедносните мерки.

Погледнете го видеото:

Убиствен напад со нож среде Лондон