1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиства на политичари ја шокираа Индија

АТ/ афп/ дпа26 мај 2013

При напад на маоистички бунтовници врз политичари на владејачката Конгресна партија во Индија убиени се повеќе од 20 луѓе. Премиерот на Индија Синг свика итна седница.

https://p.dw.com/p/18e7l
Фотографија: picture alliance/AP

Тешко вооружени бунтовници во централно индиската сојузна држава Чатисгра нападнаа конвој возила со кој се превезувале голем број политичари од Конгресната партија. Тие се враќале од една политичка манифестација. Конгресната партија во Иднија ја предводи националната влада, во провинцијата Чатисграх е во опозиција.

„Бројот на жртвите изнесува 23 лица“, соопшти портпарол на полицијата. „Можеме да потврдиме и дека 32 лица се повредени, повеќето од нив тешко“. Претседателот на Конгресната партија во оваа провинција Нанд Кумар Пател и неговиот син за време на нападот биле киднапирани. Во меѓувреме се пронајдени и нивнтие мртви тела, соопшти портпаролот на полицијата.

„Шокантно“

Претседателот на Конгресната партија на сојузно ниво, Соња Ганди, го осуди нападот како „шокирачки“. „Одвратно е, нормални луѓе кои се ангажираат политички да бидат нападнати“, изјави Ганди по итната седница со премиерот Манмохан Синг. Синг од своја страна оцени дека маоистите се најголема внатрешна безбедносна закана за Индија и и' вети на влата во Чатисгарх „секаква неопходна помош“.

Маоисточките бунтовници со децении насилно се борат во централна и источна Индија против државната власт. Тие пред се' бараат поголеми права за селаните без земјиште.