1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиени 13 турски војници

21 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BtCB
Во борбите меѓу турската армија и курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција, загинаа најмалку 13 војници, додека 15 се ранети. Нападот на борците на Курдската работничка партија ПКК се случил на границата кон Ирак, соопштија турските сили за безбедност. Премиерот Реџеп Таип Ердоан за поладнево свика кризна седница на владата. Истовремено, тој побара од народот да го сочува мирот. Конфликтот меѓу ПКК и турската држава доби нова острина откако парламентот во Анкара одобри поголеми воени операции во северен Ирак.