Убиени Палестинци
20 јуни 2007Реклама
Израелските војници убиле двајца милитантни Палестинци во Западниот брег.Убиените се локални команданти на Исламски Џихад и една одвоена група на Фатах,сведочат очевидци.Според нивни наводи до судир дошло откако израелските трупи навлегле во село во близина на Џенин.
И во борбите меѓу Палестинците и израелската армија во појасот на Газа се убиени двајца екстремисти.Ова се први судири откако радикално исламскиот Хамас минатата недела ја презеде контролата врз Газа.