Уапсен шефот на Џама Исламија
15 јуни 2007Реклама
Шефот на терористичката група Џама Исламија, Заркаси е уапсен во Индонезија. Како што денеска соопштија безбедносните сили, апсењето било изведено во текот на изминатиот викенд. При акцијата на островот Јава уапсени се и други лица осомничени за тероризам. Џама Исламија се смета за одоговорна за голем број бомбашки напади во Иднонезија, меѓу нив и нападот на Бали во 2002 година кога беа убиени 202 лица.