Уапсен Ел Масри
18 мај 2007Реклама
По еден пожар во трговски центар во баварскиот Ној Улм, уапсен е Калед Ел Масри, познат по грабнувањето од страна на ЦИА и префрлувањето во Авганистан каде што мина повеќе месеци во затвор. 43-годишниот се смета за главен осомничен, соопшти полицијата. Точниот тек на настаните, допрва треба да се разјасни. Во пожарот се направени штети од околу половина милион евра.