Туск доби доверба од Парламентот
24 ноември 2007Реклама
Полскиот парламент и изгласа доверба на новата влада на премиерот Доналд Туск. Шефот на владата по гласањето изјави дека негова прва дестинација во странство како премиер ќе биде Литванија. Туск најави дека на 4 декември ќе го посети Брисел, а нешто подоцна и Ватикан. Во своето прво обраќање пред парламентот, Туск како приоритети на политиката ги наведе, поактивна улога во Европа, подобрување на односите со Германија и Русија, како и децентрализација на јавната администрација.