1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Горан Петрески13 јуни 2006

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган при доводневната посета на Македонија акцентот го стави на економските теми

https://p.dw.com/p/AddX
Турскиот премиер Ердоган
Турскиот премиер ЕрдоганФотографија: AP

Турција нема да воведе визи за македонските граѓани по вчерашниот старт на преговорите за членство во ЕУ.Ќе продолжи и натаму со поддршка на Македонија на нејзииот пат до НАТО.Ова и интензивирањето на економските односи се главните поенти кои во Скопје ги донесе турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.Тој на дводневната посета на Македонија со себе води околу 150 турски бизнисмени.Попладнево се сретна со неговиот македонски колега Владо Бучковски,а во моментов е на разговори кај претседателот на државата Бранко Црвенковски.Потоа следува голем македонско турски бизнис форум на кој двајцата премиери ќе разговараат со бизнисмените.Од осамостојувањето досега Турција во Македонија инвестирала околу стотина милиони долари.Претстои уште една голема турска инвестиција,изградба на медицински комплекс Панорама хоспитал на падините на Водно.За турскиот премиер Ердоган приоритет се економските односи:

-Трговската размена изнесува околу 240 милиони долари годишно,што не е најоптимално,со оглед на капацитетот на двете земји и меѓусебниот договор за слободна трговија,изјави Ердоган.

Македонскиот премиер се заблагодари на политичката поддршка што Турција и ја дава на Македонија во континуитет.

-Ние генерално сме поблиску до решавање на проблемот што го имаме со Грција со нашето уставно име заради тоа што во НАТО заради Турција се применува еден мал но многу битен компромис за Македонија.Секако кога ќе се спомене името онака како што гласи провизорно,под кое е примена во ОН, ПЈРМ,има фуснота во која пишува:Турција ја признава под уставното име- Република Македонија.

Посетата на Македонија се случува само еден ден по официјалното почнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ.