1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – Северен Ирак

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CA32

Турската армија е подготвена на прекугранична воена операција во северен Ирак и чека само на наредба од владата – изјави денеска началникот на генералштабот Јашар Бујукант. Тој посочи дека нема да станува збор за ограничена воена операција само против базите на Курдистанската Работничка партија ПКК. Изјавата на шефот на генералштабот на турската армија доаѓа по оцената на шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари дека веројатноста од турска операција се намалила по средбата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган со американскиот претседател Џорџ Буш минатава недела во Вашингтон.