1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција-ЕУ

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3lE

Турција остро го критикуваше потегот на ЕУ, која по притисок на Франција, отвори две наместо планираните три поглавја од преговорите за членство на оваа земја во Унијата. Францускиот претседател Николас Саркози, кој е противник на членство на Турција во Унијата, одбива преговори со Анкара во делот на економската и монетарната политика. Турскиот главен преговарач Али Бабачан во Брисел изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат напредок по ова прашање. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека самиот факт што преговорите биле отворени во две области, значи дека Турција останува на програмата.