Турција вознемирена од конфликтот со ПКК
8 октомври 2007Вчера и денеска 15 војници од турската армија ги загубија животитите при експлозии на нагазни мини и во вооружената пресметка со припадниците на терористичката курдистанска работничка партија, во планинските региони на југоистокот на земјата.
Големиот дел од турската јавност на која и се придружи и десничарската опозициона партија на националистичкото движење вршат притисок врз владата да возврати со жесток одговор во правец на што поскора преку гранична воена операција против ПКК во Северен Ирак.
По загинувањето на 15те турски војници беше итно свикана седница на високиот одбор за борба против тероризот, а во тек е седницата на владата, на која вонредно се разгледува прашањето за преземањето на мерките против членовите на партијата ПКК.
Неофицијално се дознава дека на седницата се разгледува и можноста за преку гранично гонење на припадниците на ПКК во Северен Ирак но дека се бараат модели во меѓународното право, како тоа да се изведе. За една ваква воена операција на Турција рацете и ги врзува договорот за борба против ПКК и другите терористички органзиации што пред една недела се потпиша во Анкара. Притоа Багдад не покажа расположение за усогласување по членот кој предвидуваше и изведување на турски воени опрации во Северен Ирак и беше отфрлен од документот.
Напсотри ваквите лимитирања, пред почетокот на седницата премиерот Реџеп Таип Ердоан најави преземање на цитат - некои нови чекори во борбата против тероризмот, но не прецизираше за какви мерки станува збор.