Турски авиони ги бомбардираа Курдите во Ирак
18 август 2011Во соопштението се наведува дека турската артилерија извршила напади врз 168 цели во регионот пред воздушната операција, која била преземена откако бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) поставија заседа на турски воен конвој во југоисточниот дел на Турција и убија 12 припадници на силите за безбедност.
Армијата планира да продолжи со нападите врз бунтовниците се додека тие не бидат онеспособени.
Претходно ПКК објави дека ја презема одговорноста за убиството на најмалку 11 турски војници и на еден припадник на безбедносна агенција.
„Нашите сили извршија напад од заседа врз турската погранична војска. Во
судирот загинаа неколку турски војници“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролот на ПКК, Долдар Хамо.
Автор: ЖА/АТ/дв/мф
Редактор: СИме Недевски