1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турскиот премиер Ердоан се сретна со претседателот Буш

6 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C35s

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан има намера да ги постави трупите на границата со Ирак и покрај меѓународната загриженост од ескалација на кризата со Курдите. Ова е само превентивна мерка, рече Ердоан по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш. Истовремено го поздрави ветувањето на Буш, дека ќе ја поддржи Турција во борбата против ПКК со размена на информации на тајните служби и војската. Американскиот претседател Буш, на средбата ја означи ПКК како терористичка организација, која во иста мерка е непријател на Турција, Ирак и Соединетите држави.