1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турскиот парламент избира нов претседател на државата

20 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWAe

Турскиот парламент денеска одржува седница на која треба да избере нов претседател на државата . Владејачката религиозно конзервативна партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоган повторно за функцијата го номинираше шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул. Неколку часови пред првото изјаснување на пратениците, Демократската левичарска партија ја истакна кандидатурата на Хусеин Тајфун Ичли. Во петокот пак свој кандидат истакна и националистичката партија МХП. За победа во првиот и вториот круг гласање во парламентот, на кандидатите им е потребно двотретинско мнозинство гласови од пратениците, додека во третиот круг само просто мнозинство .