1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца повредени во престрелки во северно Косово

БГ/СН/бета/макфакс1 јуни 2012

Утроината избувнаа судири меѓу силите на КФОР на Косово и локалните Срби, откако меѓународните сили се обидоа да ги тргнат барикадите на патиштата во близина на селата Рударе и Дудин Крш.

https://p.dw.com/p/156Ex
Фотографија: AP

Информациите околу тоа што точно се случува во северно Косово засега се противречни. КФОР соопшти дека е почнато со отстранување на барикадите, дека состојбата е под контрола и дека нема инциденти. Српските медиуми јавуваат за најмалку тројца ранети во судирите, во кои меѓународните трупи користеле боева муниција и солзавец, а Србите фрлале со камења. Тие јавуваат дека од областа се слушаат истрели од огнено оружје.

Во локалните српски општини се слушаат сирени кои ги повикуваат граѓаните на барикадите. Сите патишта што водат од Звечани кон селото Рудари и кон барикадите во местото Дудин Крш на северот од Косово се блокирани. Во болницата во Косовска Митровица се згрижени три лица, јави агенцијата Бета.

КФОР постави блокади со бодликава жица на мостот на Ибар што води од Звечани кон Рударе, со што е спречено движењето на автомобили и пешаци.

Последните случувања на Косово се дел од акцијата на КФОР на отстранување на блокадите во северниот дел од земјата поставени од локалното српско население.

Целта на операцијата, како што информира КФОР, е овозможување на слободно движење за сите граѓани.