1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројна победа на Ромни

Силке Хаселман /афп/ Е.М.Фиданоска4 април 2012

Во трката за републикански кандидат на претседателските избори во САД што ќе се одржат во ноември, фаворитот Мит Ромни ја продолжува победничката серија и веќе се концентрира на Обама.

https://p.dw.com/p/14XMg
Фотографија: AP

Мериленд и Вашингтон се традиционално демократски настроени. Тука немаше изненадувања - малкуте републикански избирачи гласаа јасно за Мит Ромни. Поинтересно и понапрегнато минаа предизборите во сојузната држава Висконсин. Но и тука екс-гуверенерот од Масачусетс и финансиски менаџер Ромни го потисна својот радикално конзервативен противкандидат Рик Санторум на втората позиција. Во својот победнички говор, Ромни се концентрираше на напади на човекот кого сака да го замени во Белата куќа - Барак Обама:

„Во мандатот на овој претседател работните места ги загубија повеќе Американци отколку кога било досега по периодот на големата депресија. Милиони луѓе ги загубија своите куќи, бројот на сиромашни е на рекордно високо ниво, а кога вечерва одејќи дома ќе застанете на бензиска пумпа, ќе погледнете во цените на безнинот и ќе се прашате - зарем уште четири години?

USA Wahlkampf Mitt Romney Illinois
Мит Ромни на предизборен собирФотографија: AP

Ромни во предност, Санторум не се откажува

Со изборите во трите сојузни држави сега е распределена половината од гласовите на делегатите на републиканците. За да се биде прогласен за кандидат на републиканците и противник на демократот Обама на претседателските избори, потребни се најмалку 1144 гласови на делегатите. Ромни досега победи на 24 од 37 предизбори и според Си-Ен-Ен собра околу 630 гласови на делегатите. Тој има голема предност пред останатите конкуренти, но за екс-сенаторот Рик Санторум тоа не е причина за откажување. За него е ова само полувреме. Тој се надева на победа во неговата Пенсилванија за три недели, како и во Тексас и останатите јужни сојузни држави. На Санторум не му се припишуваат веќе шанси да стигне до неопходните 1144 гласови, но тој е убеден дека и Ромни нема да стигне до таа цел и дека на партискиот конгрес во Тампа, Флорида, ќе има возбудлива борба. Не се откажува ниту Њут Гингрич, кој исто така се надева на борба до последен здив и одлука во последен момент.