1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројката на косовските Срби им ветила дека ќе бара компромисно решение

12 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTPo

Меѓународната посредничка Тројка им дала ветување на косовските Срби дека за статусот на Косово ќе бара компромисно решение.

“Нема прејудицирање на статусот и де факто нема ограничување на роковите. Тројката по 120 дена ќе го претстави својот извештај, но тоа не значи и завршување на процесот”, изјави претставникот на Српската листа за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, по состанокот со меѓунардоните посредници. Волфганг Ишингер, Франк Визнер и Александар Боцан Харченко по средбите во Белград и Приштина порачаа дека нема да изнесат нивни предлози туку бараат консензус од двете страни.