Трка на долги патеки
4 април 2007По повеќечасовната седница зад затворени врати малку знаци упатуваат на тоа дека ќе се донесе брза одлука за независност на Косово. Потребно е време за натамошни консултации околу планот на Ахтисари, рече американскиот амбасадор Волф. Додека пак Ахтисари самиот истакна дека со ова започнува процес, за кој е потребно поодолго време „Не би кажал по секоја цена дека тоа ќе биде маратон, но најмалку трка на 10.000 метри. “
Пречките кои се иправени на долгата патека, беа одново наведени на првиот ден на советувањата. Српскиот претседател Воислав Коштуница го повторни неговотo одбивање на предлозите и даде до знание дека Советот за безбедност би требало да го отфрли планот на Ахтисари и да бара нов посредник. Забелешка која неколку минути подоцна одлучно беше одбиена од страна на претседателот на гремиумот, бртанскиот амбасадор Џон Пери „Сите укажувања дека не ги прифаќаме предлозите или дека бараме нови решенија, се целосно погрешни.“
Но Пери рече и дека во Советот за безбедност има голем број гласови кои го поддржуваат барањето на Русија да се испрати истражна комисија на Советот во Косово. Франција предупреди од обидите, процесот за Косово да се одолговлекува. Додека Фатмир Сејдиу, претседателот на Косово, кој пред почетокот на советувањата отпатува во Њујорк, појасни дека неговите сограѓани чекаат и имаат право на јасна перспектива. „Народот на Косово чека и мислам дека има право да добие перспектива.“ рече Сејдиу
Но како што изгледа, сега за сега е потребно трпение додека да биде усвоена резолуција во Советот за безбедност, бидејќи без резолуција не може да биде спроведен планот на Ахтисари. Но некои и натаму се оптимисти „ Се надевам дека ќе биде решено на пролет“ вели специјалниот пратник на генералниот секретар на ОН, Јоахим Рикер.
Во диплломатскте кругови на ОН и натаму постои голема надеж, Тие сметаат на решение за неколку недели или во текот на летните месеци.