1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три хипотези за несреќата во Швајцарија

15 март 2012

По автобуската несреќа во Швајцарија во која загинаа 28 лица, главно деца од Белгија, во оваа земја утрешниот ден е прогласен за ден на национална жалост. Истрагата за незгодата продолжува.

https://p.dw.com/p/14L4A
Фотографија: AP

По тешката сообраќајна несреќа на белгискиот автобус полн со ученици во Швајцарија, во Белгија утре ќе биде официјален ден на жалост . Точно во 11 часот во целата земја со минута молчење треба да им биде оддадена почит на 28 лица кои загинаа во катастрофалната незгода, најави денеска владата на премиерот Елио де Рупо. Тоа особено ќе важи за училиштата и другите јавни институции. Покрај тоа знамињата ширум земјата утре и во сабота ќе бидат поставени на половина копје.

Швајцарската полиција пак се обидува да ги утврди причините за несреќата. Истрагата во моментов се концентрира на три можни хипотези, можен технички дефект, здравствен проблем на шоферот или човечка грешка. Следно е да се изврши аутопсија на возачот. Патничкиот автобус превезуваше ученици од две училишта Белгија кои се враќале дома по зимскиот одмор. Автобусот од досега непознати причини излегол од патото и утридл во бетонски ѕид на тунелот низ кој проаѓал. Покрај 28 загинати лица во несреќата се повредени уште 24 деца од нив 4 потешко.

Автор:СН/ЖА/дпа/ртр/афп

Редактор: Ж. Ацеска