Три жртви во престрелка во Тексас
14 август 2012Според локалната полиција едно лице во градот Колеџ Стејшн пукало во службеник, кој сакал да му предаде наредба за присилно иселување од неговиот дом. Во престрелката со полицијата што следувала вооружениот напаѓач убил уште еден полицаец, но и самиот потешко се повредил и подоцна починал во болница. Во престрелката загинал и случаен минувач, а ранети се двајца полициајци и една жена.
Колеџ Стејшн се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Хјустон. На Земјоделскиот и машински универзитет во Колеџ Стејшн студираат околу 50.000 студенти, но во моментов тие се на летен распуст.
Ова е трет вооружен напад во САД за помалку од еден месец. Пред повеќе од една недела, на петти август, човек со десно-екстремистички побуди смртно застрела шест лица во еден храм на индиската религиозна заеднива Сики, во местот Оук Крик во сојузната држава Висконсин, а потоа изврши самоубиство. На крајот на јули вооружен напаѓач уби 14, а повреди околу 50 луѓе во кино во градот Аурора во сојузната држава Колорадо, за време на премиерата на најновиот филм од серијалот „Бетмен“.