Триесетгодишната војна: битка за религија, моќ и територија
Регионален конфликт се претвори во една од најужасните војни во светската историја. Триесетгодишната војна започна како верска војна пред 400 години и стана епска битка за превласт во Европа.
Грабежи и претерано насилство
Војната во најголем дел се водеше во места каде сѐ уште имаше нешто да се јаде или да се украде. Земјоделците беа измачувани за да откријат каде ја кријат храната. Шведските платеници го тероризираа населението со ткн. „Шведски пијалок“- тортура во која мешавина на урина, измет и валкана вода се сливаше директно во нивните грла.
Шведскиот крал спречи победа на католиците
Густав II Адолф од Шведска влезе во војната во 1630 година со цел да ги спаси германските протестанти и да го зголеми своето влијание во Европа. Тој ја спречи победата на католиците предводени од Светиот римски император, и беше активен командант кој лично ги предводеше своите трупи во битките.
Смртта на кралот
Една од најголемите битки во Триесетгодишната војна се случи на 16 ноември 1632 година во Лицен, со огромни загуби но без јасен победник. Мнозински шведската протестантска армија под водствот на кралот Густав II Адолф (на фотографијата) се бореше против трупите на императорот предводени од Албрехт фон Валенштајн. Шведскиот крал беше убиен, со што католиците извојуваа пропаганда победа.
Профитери од смртта
Имаше и профитери: команданти кои регрутираа војници, организираа професионални армии и уживаа во колежи. Најуспешен беше генералот Албрехт фон Валенштајн на страна на императорот. Тој воведе систем на давачки според кој земјоделците, трговците и граѓаните имаа обврска да обезбедат храна, па дури и плата за војниците. Мотото на Валенштајн беше „Војната сама ќе се нахрани“.
Бесилка
Егзекуциите и мачењето беа секојдневна појава. Уметникот и сведок Жак Кало го наслика хоророт на Триесетгодишната војна во своите дела. Кало го претставуваше населението и како жртва, но и како соучесник. Неговото најпознато дело „Бесење“ е сведоштво за тие времиња.
Мај 1648: Историска заклетва за мир
Речиси никој не веруваше дека е можно, но беше постигнато. По пет години подготовки и преговори во протестантскиот град Ознабрик и во католичкиот Минстер, двете страни потпишаа мировен договор во Минстер. Вестфалискиот мир сѐ уште се смета за инспирација за решавање на конфликтите денес.