Трибунал – Танасковиќ
25 август 2007Реклама
Босанскиот суд за воени злостори го осуди босанскиот Србин Ненад Танасковиќ на 12 години затвор поради прогонување и измачување муслимани во Источна Босна за време на војната од 1992-до 95-та година. На поранешниот полицаец од Вишеград му се товари и учество во палење куќи на муслиманите и соучество во силување муслиманки од регионот.