1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трет неуспешен обид за избор на албански претседател

9 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDve

Ни по третиот обид, албанскиот парламент не успеа да избере нов претседател со што се отвори патот за распишување на општи избори во земјата. Кандидатот на владеачката Демократска партија,актуелниот заменик претседател Бамир Топи доби 75 од потребните 84 гласа. Опозицијата ја бојкотираше седницата бидејќи демократите не го поддржале компромисниот кандидат.