1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трансрапид –истрага за причините за несреќата

23 септември 2006

Причините за тешката несреќа на Трансрапид железницата во германската покраина Долна Саксонија и утрово сеуште не се јасни.Вчера возот од магнетната железница со брзина од 170 километри на час излета од трасата во Емсланд и удри во возило за одржување,при што загинаа 23 лица.Десет луѓе ја преживеаја катастрофата со повреди.

https://p.dw.com/p/Ac30
Фотографија: picture alliance /dpa

До синоќа сите 33 патници од возот беа извадени од него.

„Поаѓаме со сигурност дека не станува збор за никаква саботажа,и претпоставуваме дека во прашање е човечка грешка или технички проблем.Но,за што конкретно с еработи,мора да покаже истрагата,изјави Андреас Ретемаер,обвинителот од Оснабрик.

Според раководител од индустриското претпријатие ИАБГ,Рудолф Шварц,возот веројатно стартувал уште пред од средината на трасата да биде тргнато возилото за одржување.

Околу 400 спасувачи вчера целиот ден се бореа за да ги извадат настраданите од целосно уништениот магнетен воз.Тие ја прекинаа работата со мракот,а утрово таа продолжува.

Се претпоставува дека нема натамошни жртви.

На местото на несреќата пристигнаа и претставници на владата.Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази сочувство од името на нејзиниот кабинет:

„Во вакви ситуации е се разбира многу,многу тешко за блиските на настраданите,со некои од нив разговарав.Се разбира,се најдуваат зборови за утеха,но тие во ваков ден не помагаат.Сепак,морам да кажам дека со нив денес жалаат многу луѓе во Германија“,изјави Меркел.

Претседателот Хорст Келер исто така им изрази сочувство на роднините на настраданите.Сојузниот министер за сообраќај,Волфганг Тифензе ја прекина посетата на Кина за да се информира лично за несреќата.