1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп победи секаде каде што требаше

СН/ агенции
9 ноември 2016

За вкупна победа на изборите, му беа неопходни победи во речиси сите „неизвесни“ држави. На Доналд Трамп му успеа тоа но и многу повеќе.

https://p.dw.com/p/2SOXZ
Infografik US-Wahl 2016 Mazedonisch

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на изборите за претседател на САДблагодарение на изненадувачки добрите резултати во државите кои се средиште на американската индустрија.

Малку кој се надеваше дека Трамп ќе извојува победа во речиси сите неизвесни односно т.н „свинг“ држави, а особено не во оние кои според традицијата од последните неколку децении беа наклонети кон демократите, како што се Пенсилванија и Висконсин.

Хилари Клинтон влезе во изборниот ден како блага фаворитка, но Трамп покрај веќе споменатите изненадувања во Пнсилванија и Висконсин, доби мнозинство, што значи ги освои електорските гласови и во најголем број други „свинг“ држави, како Флорида, Охајо, Северна Каролина итн.

US-Präsidentschaftswahl 2016 - Sieg & Rede Donald Trump
Фотографија: Reuters/C. Allegri

Според последните информации Трамп ги освоил електорските гласови од 28, додека Клинтон од 18 држави. На национално ниво Трамп според последните прогнози добил поддршка од 48,1 проценти а Клинтон од 47, 2 проценти.

Трамп наредната година на 20. јануари ќе го наследи Барак Обама како 45. претседател на САД.