1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и борбата за фактите

Георг Матес
31 мај 2017

Американскиот претседател Трамп често ги обвинува новинарите дека не добива фер третман од нив. Понекогаш со право. На состанокот на Г7 излезе на виделина дека постои потреба од подобрување.

https://p.dw.com/p/2dqY3
G7 Gipfel Donald Trump
Фотографија: Getty Images/T.Fabi

Веста се прошири веднаш по состанокот на Г7 во Таормина. Сите шетаат низ историскиот дел на градот, само еден не. Доналд Трамп повторно ги „намести“ своите партнери. Наместо за време на прошетката да биде рамо до рамо со Италија, Франција, Германија, Јапонија и со Канада, тој пристигна во автомобил за голф и - доцни. Многу медиуми известија за тоа, дури и Дојче Веле и британскиот дневен весник „Сандеј тајмс“, кој за случката го напиша насловот: „Трамп не држи чекор со останатите“. Многумина пишуваа твитови како овој:

Текстот на оваа новинарка, со наслов „Трамп ги пушти другите да одат, а нему му беше помило да се вози“, е споделен над 20.000 пати. Но, оној кој повнимателно ќе ја погледне фотографијата ќе види дека ни јапонскиот премиер Шинзо Абе не беше на прошетката со останатите во старото градско јадро. Исто како и Трамп и тој ја прифати понудата на домаќините и се возеше во еден автомобил за голф. Спонатно да оди на прошетка со сите во секој случај не сакал, бидејќи Јапонците не сакаат кога ад хок ќе се смени протоколот, потврди еден јапонски дипломат. Значи, би било коректно да се каже дека двајца се возат, а останатите петмина решиле спонтано да се прошетаат од Амфитеатарот до плоштадот Сан Доменико. Овој наслов не е толку привлечен, но би бил коректен. А токму за тоа станува збор, во овие времиња кога новинарите мораат да се борат против обвинувањата дека „лажат“.

G7 Gipfeltreffen in Taormina Sizilien Italien
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto

Вториот ден од самитот следеше нов твит. Видеото го прикажува Трамп без слушалки додека сите околу него слушаат симултиран превод. Италијанскиот домаќин зборува за бегалските проблеми. Заклучокот на сите нас во тој момент беше: Трамп не сака да го слуша Паоло Џентилони. И овој „лажен“ твит е споделен  над 20.000 пати. Тоа беше доказ дека сите се ангажираат, само изолираниот американски претседател е - незаинтересиран.

А проблемот е во тоа што Трамп навистина слушал. Неговиот портпарол Шон Спајсер во еден твит појасни: Трамп, како и секогаш, во своето десно уво носи мини слушалка. А тоа на видеото не се гледа. Но, ако се погледне материјалот од самитот ќе се забележи дека Трамп на сите други седници секогаш носи мала слушалка во своето десно уво. Она што во тој случај остава лош впечаток е тоа дека демантот, односно корекцијата на погрешната вест е поделена само 173 пати.

Што тогаш може да се заклучи од овој дводневен самит и од овие две сомнителни изјави? Како прво, мораме и во ова брзо време на социјалните мрежи да работиме точно, па дури и кога еден твит ќе дојде еден час подоцна. И секако дека уметноста на раскажувањето и вицовите секогаш биле дел од новинарската работа за да се направат фактите појасни. И факт е оти на овој самит Трамп стоеше покрај - изолиран покрај, а се искористија погрешни слики како докази да го поткрепат тоа. Еден дел од вината сноси и самиот Трамп. Откако на самитот на НАТО го турна црногорскиот дипломат за тој да заземе централно место, никој веќе не беше изненаден дека тој ниту слуша ниту бара контакт со другите.

G7 Gipfeltreffen in Taormina Sizilien Italien
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Ernst

Но, проблемот е во следното: никој не беше изненаден од едноставна причина што никој и не беше тука. Поголемиот дел од 4.000 акредитирани медиумски работници го следеа самитот од прес-центарот, бидејќи не им беше дозволен пристап. И ако нешто вакво слично во иднина сака да се спречи, тогаш мора да се најде баланс меѓу безбедноста и пристапот на новинарите, сето тоа во интерес на јавноста.