1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Торнадата во Авганистан ќе ја почнат мисијата според планот

13 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEP

Германските авионите за набљудување од типот Торнадо ќе бидат пуштени во употреба во Авганистан во недела како што е планирано. Шесте авиони се подготвени за мисијата соопшти главниот командант Торстен Пошвата. Во меѓувреме специјална комисија од Бундесверот е на пат кон Швајцарија за да ги испита причините за падот на авионот Торнадо кој вчера се урна во Алпите. Во несреќата загина дваесет и седум годишниот пилот. Копилотот се спаси, но е во болница.