Топлификација ги „замрзна“ скопјани
10 февруари 2012Реклама
Делови од Скопје изутрината останаа без парно греење. Причина за прекинот во испораката е дефект што е отстранет околу девет часот и состојбата е нормализирана, информираат од АД „Топлификација“. Топланата била ставена во нормален погон во 8:50 часот. Дефектот, кој настанал во седум часот, се случил во топлана Исток која го снабдува делот од Скопје од Универзална сала кон Центар, Аеродром и Лисиче.
Извор: миа
Редактор: БГ