1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Токсични гасови: Малезија затвори преку 100 училишта

СН/ агенции
14 март 2019

Стотици луѓе во јужниот дел на земјата, вклучувајќи и многу деца, во моментов примаат медицински помош. Засегнати се жалат на гадење и проблеми со дишењето. Причина најверојатно е отровен отпад од блиската река.

https://p.dw.com/p/3F0zS
Malaysia | Giftige Dämpfe aus dem Fluss Kim Kim
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Yong

Поради токсични гасови кои се шират од загадена река, 111 училишта се затворени во јужна Малезија. Досега вкупно  преку 500 луѓе од околината на реката Ким Ким во сојузната држава Џохор мораа да побараат лекарска помош. Девет лица се наоѓаат во единиците за интензивна нега. Многу од погодените луѓе се жалат на респираторни проблеми и гадење, а некои од нив и се онесвестиле.

Malaysia | Giftige Dämpfe aus dem Fluss Kim Kim
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Syukri

Од каде доаѓа отпадот, засега не е познато. Сомнежот е насочен кон операторот на една индустриска постројка во која се преработуваат автомобилски гуми. Се верува дека испарувањата доаѓаат од токсичниот отпад кој е фрлен во реката. Пред неколку дена беа уапсени тројца мажи кои фрлале отровен отпад во реката Ким Ким. Доколку бидат осудени им се заканува казна затвор до пет години.