1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешки инциденти меѓу полицијата и демонстрантите во Чиле

5 август 2011

При демонстрациите на студенти во главниот град на Чиле, Сантијаго избија големи нереди, во кои се уапсени повеќе од 500 лица.

https://p.dw.com/p/12Bbw
Во фокусот на гневот на демонстрантите, чилеанскиот претседател Себастијан ПинераФотографија: DW-TV

Учесниците на неодобрениот собир подигнаа улични барикади, палеа гуми од автомобили и фрлаа камења врз полицијата. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови, при што имаше повредени на обете страни.

Во Чиле со месеци протестираат учениците, студентите и професорите за поголема финансиска поддршка на државата и подобро опремување на училиштата.

Протестите се насочени против политиката на претседателот Себастијан Пинера, кој според анкетите е најнепопуларниот претседател од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче.


Пинера власта ја презема пред една и пол година и оформи влада на технократи
за да ја води земјата како компанија. Но неговата политика, според
последните анкети, ја подржуваат само 26 проценти од Чилеанците.

Автор: ГЧ/ СН/ дв/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска