Техеран не попушта ни пред новите санкции
26 март 2007Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја нема да запре со процесот на збогатување ураниум.
„Иран нема да ја прекине ниту за момент својата мирољубива и легална нуклеарна програма поради таа незаконска резолуција“, стои на интернет страната на иранскиот претседател.
„Иранскиот народ нема да ги заборави оние кои го поддржаа, како ни оние кои беа против резолуцијата кога ќе ги разгледува своите меѓународни односи“, наведува иранскиот претседател без да прецизира што мисли со тоа.
Ирански претставници уште претходно предупредија дека Франција, Велика Британија и Германија дека воведувањето санкции може да придонесе кон влошување на дипломатските односи.
Во меѓувреме портпарол на иранската влада на државната телевизија соопшти дека владата, поради „нелегалната резолуција“ е принудена да суспендира дел од активностите поврзани со Меѓународната агенција за атомска енергија. Не се наведуваат повеќе детали.