1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Техеран ги отфрла информациите за планиран атентат врз Путин

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqzC

„Извештаите за можен самоубиствен атентат врз рускиот претседател Владимир Путин се целосно неосновани и програмата за неговата посета ќе се одвива нормално“, изјави портпарол на иранското министерство за надворешни. Претходно Кремљ соопшти дека тајните служби го информирале Путин за планиран атентат врз него за време на посетата на Техеран. Според руските медиуми ваквата информација била потврдена од повеќе извори и странски тајни служби. Путин во Иран треба да одпатува денеска по завршувањето на посетата на Германија.