1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад врз пакистански шиити

Александар Методијев/дпа/афп/миа24 ноември 2012

Најмалку седум лица се убиени, меѓу кои има и три деца, а триесет се повредени во бомбашки напад за време на шиитска верска процесија во северозападниот дел од Пакистан. Експлозијата се случи на фестивалот Мухарам.

https://p.dw.com/p/16pAR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ниту една организација за сега не ја презема одговорноста за нападот. Сепак, се чини дека тој е реализирана закана од Талибанци - сунити, кои најавија дека ќе напаѓаат врз шиити, кои денеска и утре ќе ја одбележат годишнина од битката кај Карбала во Ирак, во која внукот на пророкот Мухамед, имамот Хусеин и членови на неговото семејство биле убиени во 680 година. Годишнината е позната како Ашура, а Мухарам е првиот месец од исламскиот календар.

Во нападот се повредени триесет лица, меѓу кои има и пет деца, кои оделе по рутата за време на процесијата, информираше шефот на локалната болница Азиз Балух. Полицијата соопшти дека бомбата била сокриена во купишта ѓубре покрај патот по кој оделе верниците и била активирана со далечински уред.

Во декември 2009 година во самоубиствен напад во Карачи за време на Ашура загинаа 43 луѓе. Заради заканите врз сунитите, 5.000 полицајци се распоредени во пакистанскиот град Карачи каде се очекуваат годинашните чествувања. На многу места во државата е прекината мрежата за мобилни телефони, со кои најчесто терористите активираат експлозивни направи. Шиитите се малцинство во Пакистан. Од почетокот на годината во таа држава во напади загинаа над 300 шиити.