1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напади во Египет

23 јули 2005

Во три експлозии на бомби синоќа по полноќ во египетското одморалиште загинаа најмалку 83 лица. Повеќе од 200 се повредени. Германската сојузна влада најостро ги осуди нападите. Канцеларот Герхард Шредер го оуси нападот како гнасен чин, а германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер во Берлин изјави:„Терористите повторно нападнаа на најперфиден и грозен начин„. Шредер исто така изјави дека меѓу р

https://p.dw.com/p/AcDl

�нетите има и германски граѓани, но не спомна број. Германската амбасада во Каиро формира кризен штаб и испрати тим во Шарм ел Шеик. Таму пристигна и египетскиот претседател Хосни Мубарак за да се запознае со последиците од бомбашките напади.

Според информациите на египетското министерство за внатрешни работи експлодирали три бомби, првата на базарот во градот, а неспоредно потоа, според очевидците, паркиран автомобил полн со експлозив се кренал во воздух пред влезниот хол на хотелот Газала. Кога се случила првата експлозија, очевидецот Фабио Басоне седел во една кафетерија во непосредна близина:

„Бевме буквално покриени со шут. Шрапнели имаше на сите страни. Предниот дел на хотелот комплетно одлета во воздух. Неколку тела се најдоа на улицата, а потоа веднаш дојдоа возила на полицијата и амбуланти„.

Чарли Ивс, британски полицаец кој во Шарм ел Шеик дојде на одмор по бомбашките напади во Лондон изјави:

„Неверојатно беше да се биде на 50 метри од двете огромни експлозии. Најнапред чад, а потоа оган и масовна хистерија„.

На местото на експлозиите дојде и египетскиот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли кој за новинарите изјави:

„Ранетите беа евакуирани во болниците и веднаш им беше укажана неопходната медицинска помош. Сега се фокусираме на безбедносните мерки. Не можеме со сигурност да кажеме кој стои зад ова, но тоа е ужасен тероризам. Тоа нема врска со хуманоста или некакви вредности. Кој и да ги направи нема да не српечи во намерата да им возвратиме на оние што ги извршија овие терористички напади„.

Инаку, во регионот се испратени големи антитерористички сили, а во цел Египет е воведен највисок степен на тревога. Една група поврзана со Ал Каеда се јави на исламска веб страница и ја презеде одговорноста за нападите со име „Организација на Ал Каеда за истокот и Ефипет„, но ова се уште не е потврдено.

Нападите се случија во зенитот на туристичката сезона. Шарм ел Шеик е популарно место за одмор посебно на Италијанците и Германците, и поради можностите за нуркање. Германскиот дописник од Каиро Јерг Армбрустер за можните причини за нападите за телевизија Дојче веле изјави:

„Има различни причини, но Шарм ел Шеик еднаш мораше да дојде на мета на исламистите - сега само претпоставувам дека се тие одговорни – зашто беше нешто како грешник: таму има дискотеки, млади девојки и момчиња, има алкохол. Освен тоа, Шарм ел Шеик е место каде што Изреалците и Палестинците најчесто водат преговори за мир. Значи, место со голема симболика. Оној што сака да му наштети на египетскиот туризам, тогаш секако го избира Шарм ел Шеик и тоа токму во зенитот на сезоната„.